Баерн сака да го врати Вернер во Бундеслигата

EPA-EFE/Justin Setterfield

Германскиот шампион Баерн Минхен ова лето ќе се обиде да го направи тоа што не му успеа минатото, да го ангажира репрезентативецот Тимо Вернер. Вернер минатата година ја одби понудата од Баерн Минхен и одлучи од Лајпциг да се пресели во Челси во трансфер вреден 53 милиони евра.

Иако Вернер за Челси постигна 12 гола и имаше 15 асистенции на 51 натпревар и имаше свој придонес во освојување на титулата во Лигата на шампионите, управата на „сините“ очекуваше многу повеќе од германскиот репрезентативец.
Сепак, иднината на Вернер во Челси е неизвесна бидејќи менаџерот Томас Тухел сака да го ангажира Ерлинг Халанд од Челси. Доколку Халанд пристигне на „Стемфорд бриџ“, тогаш Вернер или ќе заврши на клупата или ќе мора да игра на крилната позиција.

Неизвесната иднина на Вернер во Челси сака да ја искористи Баерн Минхен чиј нов тренер инсистира на ангажман на напаѓачот бидејќи со него соработуваше во Лајпциг и знае што може да очекува од него. Нагелсман му беше тренер на Вернер во сезоната 2019/20 кога напаѓачот на 45 наптревари постигна 34 гола и имаше 13 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот