Баерн нема да троши 120 милиони евра за Кутињо

twitter/barcacentre

Се очекува Бразилецот летово да ја напушти и Барселона, а за неговите услуги се шпекулира дека интерес покажува екипата на Челси.

Претседателот на Извршниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди дека не е активирана опцијата за откуп на играчот. Опцијата за купување беше поставена на 120 милиони евра.

Филипе Кутињо лани во август дојде во германскиот шампион како позајмица од редовите на Барселона.

Опцијата истече и не ја активиравме. Ќе го планираме нашиот состав, потоа ќе видиме дали тој ќе биде дел од тимот за следната сезона или не – се зборовите на Румениге.

27-годишниот играч за врска во нападот во дресот на баварскиот гигант запиша 22 натпревари и осум голови.

Пред да се пресели на „Камп Ноу“, беше дел уште од Интер, Васко да Гама, Еспањол и Ливерпул.

Се очекува летово да ја напушти и Барселона, а за неговите услуги се шпекулира дека интерес покажува екипата на Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот