Бадијала Милан е шампион на Италија кога пред нос му ги крадат засилувањата

Холанѓанецот наместо во Серија А, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата/фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Екипата на Милан која по пауза од 11 години ја освои титулата во Серија А има проблем да најде нови фудбалери за новата сезона и се поизвесно е дека ќе остане без двете планирани засилувања.

Проблемот на „росонерите“ лежи во тоа што имаат мизерни 45 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок.

Францускиот Лил одлучи да започне преговори со Њукасл за трансферот на Свен Ботман кој нуди многу повеќе пари од Милан.

Италијанскиот тим се согласи да плати 30 милиони евра за Ботман, а со играчот го договори личните услови, но потоа се јави Њукасл кој понуди 45 милиони и подобра плата за дефанзивецот по што Милан ќе мора да бара нов дефанзивец.

Нова цел е Вилијам Салиба од Арсенал кој последните три години ги помина на позајмица во француските Сент Етјен, Ница и Марсеј.

„Росонерите“ ќе се обидат да се договорат со Арсенал за едногодишна позајмица со задолжетелен откуп на крајот од идната сезона, но конечниот збор ќе го имаат „топчиите“.

Милан ќе остане без уште засилување, Ренато Санчез кој откако се јави ПСЖ и му понуди поголема плата, одлучи да започне преговори со францускиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот