Бабиќ: Одличен потег беа подготовките во Хрватска, младите добро се претставија

фото: еурофарм пелистер

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ е задоволен од сработеното на подготовките во Хрватска каде се одиграат и три контролни натпревари. Пелистерци остварија по една победа (Горица 27:24), реми (Целје 26:26) и пораз (ППД Загреб 26:23).

– Ракометарите одлично се ангажираа деновиве. Во текот на сите натпревари покажавме задоволителен интензитет. Задоволен сум, иако ни недостасуваше реализација. Очекувам во наредните 10-15 дена да играме во подобра форма. Тоа е очекувано, со оглед на големата пауза. Исто така ни фалат неколку играчи, кои беа дел од репрезентацијата. Верувам дека за првиот дуел во пролетната полусезона во СЕХА лигата ќе бидеме комплетни. Се надевам дека ќе започнеме успешно. Добро се презентиравме на овие натпревари против силни противници. Одличен потег беше да се дојде тука во Хрватска. Им дадовме шанса на ракометарите кои играа помалку и тие добро се претставија. Посебно, сакам да го потенцирам настапот на Кукуловски. Покажа дека е голем потенцијал и Еурофарм Пелистер заврши голема работа што го доведе во клубот. Очекувам во текот на сезоната да го развие својот потенцијал и еден ден да дојде во македонската репрезентација – изјави Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот