Азири: Предлог-законот за државајнство в понеделник ќе го доставиме до владиното мнозинство

Елми Азири-Алијанса за Албанците/ Фото: МИА

Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието.

Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.

– Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира во Парламентот. Нашиот дел е завршен, па да го видиме нивниот одговор. Ние имаме разговарано со премиерот Зоран Заев. На првата средба присуствуваше и претседателот на пратеничката група на СДСМ и верурам дека не е многу важно на кого ќе му го доставиме предлогот, бидејќи на крајот на краиштата и премиерот Заев ја претставува Владата, мнозинството, но и парламентарните групи. Најважно е ние нашиот завршен дел од работата да го доставиме до страната со која сме преговарале. Во понеделник ќе до доставиме предлогот што го составивме и во најкраток можен период очекуваме одговор и да го процесуираме понатаму, рече Азири. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот