Азар се прости од Челси и навивачите

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Еден Азар конечноп го оствари својот сон, од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид. Тој во Челси дојде 2012 година и на 352 натпревари постигна 110 голови.
Белгискиот репрезентативец со емотивна порака се прости од англискиот тим и од неговите навивачи.

„Знаете дека ќе му се приклучам на Реал Мадрид. Не е тајна дека мојот сон е да играм за „кралскиот“ клуб. Направив се што можев во последните месеци кога имаше многу шпекулации, да не влијаат ниту на моите игри ниту на Челси.

Сега кога клубовите се договорија, се надевам дека ќе разберете дека морав да продолжам понатаму, како што секој од сите вас добие шанса да си го оствари својот сон.

Заминувањето од Челси е најголемата и најтешката одлука која сум ја донел во мојот живот. Уживав во секој момент тука и никогаш не би размислувал за заминување доколку не станува збор за Реал Мадрид.

Имав 21 година кога дојдов во Лондон, израснав  и како човек и како фудбалер. Тоа ми помогна да станам и репрезентативец на Белгија, нормално дека имаше тешки моменти како за екипата така и за мене но тоа е составен дел од професионалниот фудбал.

Челси и неговите навивачи за мене секогаш се посебни и идната сезона ќе ги следам сите резултати на тимот. Се надевам дека ќе имаме можност да играме во ЛШ како повторно би се сретнале.

На крајот сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, на моите поранешни соиграчи и посебно на господинотАбрамович кој ми овозможи да ги остварам моите две најголеми желби, првата е да заиграм за Челси, а втората да станам играч на Реал Мадрид“, порача Азар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот