Автомобил излетал во провалија на автопатот Скопје-Велес

На автопатот Скопје – Велес денеска во 11.20 минути возило „хјундаи” со велешки регистерски таблички излетало во провалија пред првиот од двата тунела, при што загинал 38 годишниот Б.М. од Велес.

Како што изјави за МИА, Ивица Илиевски од МВР, полицијата информацијата ја добила од Службата за Итна помош која прва стигнала на местото на несреќата, по што и екипа од СВР Велес која направила увид на местото на несреќата, во која има еден загинат.

Од ТППЕ Велес за МИА појаснуваат дека тие стигнале на местото на несреќата околу 12 часот и го извлекле настраданиот,  кој веќе бил починат. Медицинските екипи констатирале дека настраданиот веќе починал на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот