Автобусите од утре сообраќаат во две смени

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Автобусите на ЈСП „Скопје” и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.

Како што соопшти ЈСП „Скопје”, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Граѓаните ќе можат да го погледнат распоредот на веб-страницата на ЈСП „Скопје”.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП „Скопје”.

Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар. Услугите на ЈСП „Скопје” можат да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП „Скопје”), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

– Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот