Австриски предизвик за фудбалерките на Љуботен во квалификациите во ЛШ

фото: Фејсбук/ЖФК Љуботен

Македонскиот шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите ќе игра против австрискиот првак Сент Полтен.

Според новиот формат на квалификации, Љуботен се најде во групата 9 и во полуфиналето го очекува натпревар со Сент Полтен и доколку успешно ја мине оваа пречка, во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу белорускиот шампион Динамо и бугарскиот првак Локомотив Стара Загора.

Победникот во финалниот меч, ќе обезбеди пласман во следната рунда.

Натпреварите се играат на 18 август, односно 21 август, и се игра по еден натпревар. ЖФК Љуботен и двата натпревари ќе ги игра како гостин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот