Австрија времено го намалува ДДВ – то за рестораните и културата

За донесување на ваквата мерка на Австрија потребно и е одобрување и од Европската комисија.

Aвстрија планира да го намали данокот на додадена вредност за рестораните и културата на пет проценти, со што би им се помогнало на овие сектори да се изборат со последиците кои ги трпат поради пандемијата од корона вирусот, а пониската стапка ќе важи до крајот на годината, соопштија властите во Австрија.

Планот ќе биде готов по дводневната седница на владата која треба да се одржи во понеделник и вторник и на која ќе бидат претставеи и други стимулативни мерки.

За донесување на ваквата мерка на Австрија потребно и е одобрување и од Европската комисија.

Мерката меѓу другото ќе се однесува на влезниците за кино и музеј, за книги и списанија изјави заменик министерот за култура, Андреа Мајер.

Според нејзините зборови, компаниите кои работат во овие сектори имаат различнистапки на ДДВ, главно од 10 – 13 проценти.

Помалата стапка на ДДВ ќе важи и за продажбата на храна и пијалоци во хотелите, соопшти министерката за туризам Елизабет Кестингер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот