Австрија најави: ЕУ воведува нови санкции против Турција поради Кипар

Министерот за надворешни работи во преодната влада на Австрија, Александер Шаленберг, денеска ги најави санцкиите на ЕУ против Турција.

– Денеска ќе усвоиме низа на мерки против Турција. Тие помеѓу друото ќе вклучуваат помалку пари, помалку кредити од страна на ЕУБ, прекин на преговорите за договорот за авиосообраќај – изјави Шаленберг пред состанокот на шефовите на дипломатијата ан ЕУ во Брисел.

Тој потсети дека ЕУ никогаш не ја прифатила нивната окупација на северниот дел на Кипар, и дека поради тоа Унијата стои зад желбата Кипар сам да располага со своите ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот