Австрија дозволи сексуални услуги, но препорача ограничен физички контакт
Пред составувањето на препораките министерството одржа округла маса со сексуалните работници за да ги слушне нивните мислења.
На сексуалните работнички во Австрија од денеска им е дозволено да продолжат со својата дејност, а министерството за здравство издаде и препорака за спречување на ширењето на новиот коронавирус без оглед на интимната природа на таа работа.
„Ограничете го физичкиот контакт на минимум“, советува министерството и додаде дека проститутките и клиентите во текот на половиот однос треба да избегнуваат контакт лице в лице.
Министерството исто така предупреди дека треба да избегнуваат бакнување и групен секс. И клиентите и сексуалните работници треба да користат маски за еднократна употреба, препорача министерството.
Според препораките, јавните куќи клиентите треба да ги информираат за здравствените и хигиенските правила, а сексуланите работници не треба да ги нудат своите услуги на лица кои имаат симптоми на ковид-19 како кашлица, краток здив или температура.
Пред составувањето на препораките министерството одржа округла маса со сексуалните работници за да ги слушне нивните мислења.
„Многу ни е драго што министерството се одлучи за препораки наместо да се заканува со казни“, рече Ева ван Рахден која го води виенското советувалиште за сексуални работници во рамки на хуманитарното здружение Волсшилфе.
Голем дел од лицата кои работат во овој бизни се многу заинтересирани за примена на мерките за здравствена безбедност, со пандемија или без неа, соопшти агенцијата ДПА.
Но жените кои своите сексуални услуги ги нудат на улица, тешко ќе може да ги применат новите препораки, призна Вон Рахден.
Во Австрија има околу 8.000 регистрирани сексуални работници.