Австралиската влада пред реконструкција по скандалите за сексуално вознемирување и дискриминација

скот морисон, австралија, премиер
Австралискиот премиер Скот Морисон / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска најави реконструкција на Владата по низата скандали за сексуално вознемирување и дискриминација. Питер Датон ќе биде министер за одбрана на местото на Линда Рејнолдс, а Мајкалија Кеш станува нов јавен обвинител наместо Кристијан Портер.

Рејнолдс и Портер ќе бидат поставени на пониски позиции.

Способноста на Портер да биде државен обвинител е доведена во прашање, откако тој најави тужба за клевета против австралиската мрежа АБЦ во врска со приказната за силување во 1988 година. Портер не беше експлицитно именуван, но тој ги негираше обвинувањата дека силувал 16-годишно момче во 1988 година, додека двајцата биле ученици.

Во реконструираната влада, Портер ќе биде министер за индустрија, наука и технологија.

Рејнолдс беше изложена на напади, откако ја нарече „лажлива крава” Британи Хигинс, поранешна приправничка на Либералната партија, која рече дека била силувана од колега во Парламентот во 2019 година. Рејнолдс подоцна се извини и во моментоt е на боледување.

Според анкета објавена денеска во дневниот весник „Аустралиан”, јавната поддршка на Морисон паднала од 62 на 55 проценти за само две недели.

Австралиската Влада нареди независна истрага за условите за работа во Парламентот и формирање нови служби за поддршка на персоналот, но активистите бараат систематски промени, не само во политиката, туку и во австралиското општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот