Австралија прими 3.500 луѓе од Авганистан

Бегалци од Авганистан / Фото: EPA-EFE/Roman Rios

Австралија прими повеќе од 3.500 евакуирани лица од Авганистан, претежно жени и деца, откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата минатиот месец, соопшти денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Меѓународната евакуација започна на 14 август, кога талибанците ги зазедоа областите во близина на Кабул. Австралија евакуираше 4.100 граѓани и Авганистанци со визи, но некои со двојно државјанство избраа да одат во други земји.

Многу евакуирани лица беа префрлени во Обединетите Арапски Емирати за да чекаат преместување во Австралија, а Морисон рече дека последниот авион пристигнал во синоќа од еден од „најочајните и најопасните делови на светот”.

– Од тие 3.500, околу 2.500 се жени и деца, рече Морисон пред новинарите во Канбера.

Австралија беше дел од меѓународните сили предводени од НАТО, кои ја обучуваа авганистанската армија и се бореа со талибанците 20 години, откако движењето беше соборено во 2001 година. Повеќе од 39.000 австралиски војници служеа во Авганистан, а 41 беа убиени.

извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот