АТП: Ѓоковиќ се израмни со рекордот на Федерер

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна денеска 310 недела на првото место на АТП листата.

Српскиот тенисер така се израмни со Швајцарецот Рожер Федерер и следниот понеделник (8 март 2021 година) ќе постави рекорд по бројот на седмици на првата позиција на АТП листата.

Моментно на врвот Ѓоковиќ има 12.030 бодови, 2.180 повеќе од второпласираниот Рафаел Надал (Шпанија).

Овој рекорд и претходно можеше да биде урнат доколку пандемијата на коронавирусот не ја суспендираше АТП листата на 22 недели, но и покрај тоа Ноле ќе биде запишан како најдобар во историјата и оствари една од своите зацртани цели во кариерата.

Трет тенисер по вкупен број на недели на врвот на АТП е Пит Сампрас (286), следуваат Иван Лендл (270) и Џими Конорс (268), а Надал е шестопласиран со 209 седмици на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот