Атлетико Мадрид купува како луд - Слободен печат
СпортФудбал

Атлетико Мадрид купува како луд

Иако преодниот рок сè уште не е започнат, мадридскиот тим во очекување на главната премија, Жоао Феликс, веќе договори три засилувања.

Атлетико Мадрид се помири со податокот дека летово ќе остане без својот најдобар фудбалер, Антоан Гризман и веќе наголемо се подготвува за животот без Французинот.

Како нов лидер на Атлетико е предвидена португалската сензација, Жоао Феликс за кого клубот планира да ја плати откупната клаузула во висина од 120 милиони евра. Но додека да пристигне Португалецот, управата на Атлетико купува како луда.

Тренерот Диего Симеоне по секоја цена го сака дефанзивецот на Еспањол, Марио Ермосо. Бидејќи преговорите одат споро, Симеоне побара од челниците на клубот, а тие се согласија, да ја активираат клаузулата за Ермосо која изнесува 40 милиони евра иако договорот на младиот Шпанец истекува идното лето.
Но, тренерот сака наследникот на Диего Годин кој замина во Интер, да го има од првиот ден од подготовките.

Покрај Ермосо, Атлетико ги заврши трансферите на уште двајца фудбалери. Маркос Љоренте за сума од 30 милиони евра од „Сантијаго Бернабеу“ се сели на „Ванда метрополитано“.  Одбраната на Атлетико во следната сезона ќе биде посилна и за дефанзивецот на Порто, Фелипе кој е купен за 20 милиони евра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close