АТИЏЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА ОСКАРИТЕ: Со новата фризура ќе може да им парира на холивудските ѕвезди (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Атиџе од документарниот филм „Медена земја“ кој е номиниран во две категории на „Оскарите“ се ги започна подготовките за доделувањето на најпрестижните награди.

Таа ја промени бојата на косата и со новата фризура изгледа подготвена за церемонијата на 9 февруари.

„Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии“, напишаа на Фејсбук од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот