Атанасов: Се прави драма и се билда конфликт, ќе има уште една епска битка меѓу ВМРО и СДСМ

Поранешниот заменик-министер за образование и наука, Петар Атанасов во своето гостување на ТВ24 вечерва понуди две објаснувања за тоа зошто сме во оваа политичка ситуација. Тој рече дека ни претстои „уште една епска битка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која завршува на штета на граѓаните“.

– Се прави една политичка драма. На локалните избори, СДСМ дожиева голем пораз и наместо мирно да се канализираат резултатите и последиците на ова што се случува, се билда нов конфликт. Секогаш има излез од ситуацијата, а за тоа се одговорни лидерите. Заев сам го констатираше својот политички крај, а потоа пресврт. Тој стана заложник на своето членство и ДУИ и жртва на Европската Унија, вели Атанасов.

Тој вели дека доколку бил на местото на Заев, би постапил поинаку по локалните избори.

-Јас да бев Зоран Заев прво ќе им ја честитав победата , но ќе преспиев една, две ноќи и ќе се договорев со лидерот на опозицијата да седнеме да се договориме што понатаму кој колку сила има и кој каква поддршка има и штое е добро за државата, рече Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот