Атанасоски: „Амдибајрамизација“ на предизборната кампања, со ова се одвраќа гласачот да излезе (ВИДЕО)

За жал како што во ништо во државава се нема доверба, така е и со анкетите. Доколку на некоја од големите политички партии не им се допаѓа анкетата така и одма се дискфалификува оној кој ја спроведува истата.

-Но по сите истражувања на анкетните центри горе-долу се изедначени двете најголеми коалиции, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски, кој смета дека до последен момент нема да се знае победникот освен ако не се случи некакво чудо налик на она во Хрватска.

-Доколу се случи да имаме апстиненција од неопределените тогаш победникот ќе биде добиен од гласовите на гласачкото тело на партиите, односно колку самите партии успеале да ги изнесат своето членство на денот на изборите.

Прочитајте и...  Над 900.000 вакцинации во Грција, пријавени само шест алергиски реакции

Околу Преспанскиот договор и неговото укинување најчесто пропагирано од помалите политички партии, Атанасоски смета дека ниедна од овие партии не може да освои некаково мнозинство за да можат да го направат тоа и го користат само за популизам.

-Мислам и дека лидерите на тие партии се свесни дека немаат никакви шанси да победат на изборите и затоа сметам дека на овие избори они се водат од чист популизам.

-Правно можеби ние може да направиме некаков маневар, но да се потсетиме иако Грција ја добивме пред меѓународниот суд во Хаг, тоа не го реши проблемот со името, додава Атанасоски.

Говорејќи за изборната кампања Атанасоски смета дека се случува амдибајрамизација во предизборниот период.

Прочитајте и...  Ем се бараат „кртовите“ на Мијалков, ем пак течат информации

-Се оди ниско во таа политичка култура. Овој начин на функционирање го одвраќа гласачот да излезе. Имаме дофрлање, ниски удари, омаловажување. Мене тоа не ми се допаѓа и ако има апстиненција таа ќе биде баш заради таа политичка култура/некултура, рече Атанасоски.

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО I  Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја туркајќи вагонче од воз

Слободен печат

ВИДЕО: Воздушниот напад на Бајден врз Сирија – симболичен гест, вовед во војна или нешто друго?

Слободен печат

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Слободен печат

ВИДЕО | Забавата поради која Неделковски и Пандов завршија во полиција

Слободен печат

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

Остави Коментар