АСТРОЛОГОТ АТАНАСОВСКИ ПРОГНОЗИРА: Што ги чека Заев, Мицкоски и Ахмети во новата година?

Фото: Принтскрин

Македонскиот астролог Симеон Атанасовски за Клик Плус на ТВ21 дава своја прогноза за политичките случувања во Македонија во 2020 година.

За владеачката СДСМ и премиерот Зоран Заев прогнозира дека најлошото ќе се случи на почетокот на новата година, односно дека крајот на јануари ќе биде најнеповолниот период во 2020 година за СДСМ. Астрологот и порача на владеачката партија да внимава во периодот од 20 до 29 јануари.

Првите, но и пролетните месеци во новата година нема да бидат добри ниту за лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Деновите ќе му бидат проследени со, како што вели астрологот, „просечна енергија“, а подобри денови доаѓаат после месец јуни, додавајќи дека пролетните месеци традиционално „не му одат најдобро“ на опозицискиот лидер.

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека доколку предвремените парламентарни избори би се одржале на 12 април, тој е стабилен, бидејќи смета дека го очекува добар изборен ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот