ВИДЕО | Астана: Медведев го предаде мечот, Ѓоковиќ закажа финале со Циципас

Teл Авив, Израел, 02 Октомври 2022/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Астана откако Данил Медведев го предаде мечот после вториот сет (1:1, 6:4, 6:7(6)).

Одличниот меч за жал беше прекинат и не се одигра до крај. Двајцата ривали изедначено влегоа во натпреварот. Ѓоковиќ повторно добро го контролираше својот форхенд, она што го красеше во Тел Авив, како и досега во Астана. Данил Медведев некаде кон средината на првиот сет започна да го користи лошиот сервис на српскиот тенисер.

Русинот го доби првиот сет и вториот го однесе во тајбрејк каде што го загуби 13-гејм со 8:6, а тогаш ги изненади сите со својата одлука.

Медведев дојде до Новак и му соопшти дека ќе го предаде мечот, тоа беше големо изненадување и за Ѓоковиќ затоа што до тој момент Русинот не даваше некакви знаци за повреда. Сепак, подоцна за новинарите Медведев откри дека имал истегнување на мускулот на ногата и морал да го предаде.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот