Асен Василев е кандидат за премиер на Бугарија

Асен Василев
Асен Василев / Фото: МИА

Премиерот во оставка Кирил Петков предмалку објави дека Асен Василев е новиот кандидат за премиер од Продолжуваме со промените.

Асен Василев во владата на Петков беше министер за финансии и вицепремиер.

„Тој е човек во кој имам апсолутна доверба, со кого ја започнавме борбата рамо до рамо и со кого ќе ја завршиме рамо до рамо во еден тим. Еден тим со него, со сите членови на ПП, со сите коалициски партнери, со сите
истомисленици. Време е да ги засукаме ракавите и да си ја завршиме работата“, изјави Петков на прес конференција во Софија.

Петков се осврна и на дипломатскиот скандал со Русија.

-Нема да дозволам Бугарија да оди во погрешна насока и странски дипломати да даваат насока со рокови до 12 часот, додаде премиерот во оставка.

Денеска попладне во 17 часот по локално време претседателот на Бугарија ќе му го врачи мандатот на новиот кандидат од ПП за состав на новата бугарска влада во рамки на сегашниот парламентарен состав.

Партијата ќе има рок од седум дена да предложи кабинет. Доколку не биде одобрен, мандатот ќе оди кај ГЕРБ-СДС, кои веќе најавија дека ќе го вратат. После тоа, шефот на државата ќе треба да избере трета формација за да им даде шанса за формирање влада.

Инаку, од Има таков народ реагираат дека за нив, за да влезат во владата не се прифатливи како мандатари ниту Петков ниту Василев.

Петков денеска призна дека имаат разлики со БСП за меѓународни прашања, а имаат лични разлики со некои од пратениците на ИТН, но според неговите зборови ништо не може да биде поважно од просперитетот на Бугарија.

-Сите ние треба да стоиме рамо до рамо и да ја придвижиме промената напред. Сите освен оние кои претпочитаат да ги полнат фиоките со прачки и шипки. Сите освен оние кои се толку корумпирани, ги ставаат на листата „Магнитски“. Сите освен оние што се кријат во темни соби и праќаат СМС да ги контролираат нивните пратеници. Сите освен оние кои се под влијание на странски држави, па дури и нивните прекари се именувани по странски валути“, изјави Кирил Петков.

Продолжуваме со промените нема да го предложи Петков за премиер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот