Артуро Видал пред „Ел Класико“ го напуштил тренингот!?

фото: твитер

Артуро Видал, кој е незадоволен од својата ситуација во Барселона, го напуштил вчерашниот тренинг на тимот, откако дознал дека нема да биде носител на дербито против Реал Мадрид, пренесува „ЕСПН“.

Триесет и две-годишниот фудбалер се почувствувал фрустриран, бидејќи сметал дека заслужува да започне од првата минута на „Камп ноу” вечерва. Според Видал, тој бил смируван од неговите соиграчи.

Искусниот Чилеанец е несреќен затоа што не добива доволно шанси да игра.

Тој веќе рече дека се надева дека ќе го смени клубот, а главен кандидат за него е Интер. Претставниците на италијанскиот тим веќе неколку дена разговараат со луѓе од Барса.

„Ел Класико” е на програма вечерва од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот