Арсовски: Уставот не може да се смени до јуни, но процедурата може да почне

петар арсовски, утрински брифинг
Петар Арсовски, аналитичар / фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Македонија има политичка волја, но нема време да го промени Уставот до јуни за да ги внесе Бугарите како малцинство и така да го исполни главното барање на Софија за тргање на ветото за македонските преговори со ЕУ, но процедурата за уставни промени може да почне, оценува аналитичарот Петар Арсовски.

– Не ме плаши толку нивното барање за промена на Уставот, затоа што претодните барања за нашиот јазик и идентитет беа могу пострашни. Процедурата за промена на Уставот кај нас се одвива во три фази и доколку ние пред јуни ја поминеме првата фаза, во која се констатира дека има потреба од уставна промена, ќе покажеме доволно сериозност пред Бугарија и ЕУ дека ќе го исполниме тоа барање. Тоа би било таа гарација што од нас ја бара бугарскиот премиер Петков за да го тргне ветото од преговарачката рамка и во јуни да ги почнеме преговорите за членство со Унијата. Инаку, јасно е дека Бугарија може кога сака да не блокира и понатаму во текот на самите преговори – вели Арсовски за „Слободен печат“.

Тој додава дека големо прашање е што ќе се случува со останатите бугарски барања кон нас кои се однесуваат на македонскиот јазик и историја.

– Неизвесно е дали Софија ќе го истакне само барањето за бугарското малцинство во Уставот или ќе го приклучи и кон останатите пред да го тргне ветото. Но, во последно време, премиерот Петков зборова само за Уставот – вели Арсовски.

За уставни измени е потребно двотретинско мнозинство од 80 пратеници. Партиите од албанскиот блок се изјаснија дека би ги поддржале, а поддршка најавија и од најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, но само доколку Бугарија за возврат го признае македонскиот народ, јазик и историја.

Бугарскиот премиер Кирил Петков завчера повтори дека Македонија прво треба да го смени Уставот за да се почитуваат правата на Бугарите, а потоа Софија ќе го тргне ветото од преговарачката рамка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот