Арсовски: Самиот Борисов велеше дека оној кој гледа во минатото ќе се сопне!

Совет на амбасадори фото архива на Слободен печат

Претседателот на Советот на амбасадори, Љупчо Арсовски, не е оптимист дека наредниве денови ќе се изнајде решение со кое би се надминале отворените прашања со Бугарија, со цел официјален почеток на преговарачкиот процес на земјава.

– Навистина е лошо да се даваат било какви изјави и прогнози во ваков цајтнот, а помалку е и несериозно да се пуштаат вака уште неколку денови за да се сврти работата. И да не ја одржиме првата меѓувладина конференција во декември ништо суштински нема да се смени, што е подобро од расправање со лица како Каракачанов, кој дава изјави дека ќе пушта баталјони или полкови, вели за Слободен печат амбасадорот Арсовски.

Според него може да се заклучи дека Бугарија останала изолирана во попречувањето на преговорите, но додава дека веројатноста за решение сепак се намалува.

– Постои спремност кај многу земји за почеток на преговарачкиот процес. Барем од она што ми е познато повеќето земји застанале зад ставот дека ова е билатерално прашање кое треба да се решава во од. Но, како тече времето бугарската страна стана поагресивна. Не знам дали се притиснати од одредени внатрешни работи, но се „повампирија“ за теми од минатото, не свртеа нова страница што се очекуваше со Договорот за добрососедство. На самото потпишување на Договорот во 2017 година, бугарскиот премиер Бојко Борисов кажа дека со Договорот треба да започнеме да гледаме во иднината, а не во минатото, бидејќи оној што гледал во минатото ќе се сопнел, па сега останува да видиме кој ќе се сопне, заклучи Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот