Аргентински тенисер откри: На Новак Ѓоковиќ му било понудено да мести мечеви

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Марко Трунџелити, аргентински тенисер, пред четири години на јавноста ѝ откри дека му биле понудени пари за местење мечеви, поради што се нашол на удар. Аргентинецот моментно е 236 тенисер во светот, а за „Ла Насион“ откри дека и Новак Ѓоковиќ му кажал како и нему му било понудено да мести мечеви, на што српскиот ас никогаш не се согласил.

Во тенисот, за жал, местењето мечеви не е толку редок случај, што беше предупредено од Трунџелити во 2019 година, кој одби 100.000 долари по наместен меч. После тоа ја остави кариерата на страна, а сега повторно се врати на терените.

Требаше да се пофали за чесноста и одлуката да ја зачува честа, но го критикуваа и коментираа дека е „кодош“ затоа што соработувал и бил сведок на местење мечеви. Тоа го повреди Аргентинецот бидејќи знаеше дека направил добра работа, а подоцна дозна дека слична ситуација имал и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ брои ситно до 400 недели на врвот на АТП листата

– Многу ме повреди. Она за што зборував испадна вистина. Ѓоковиќ изјави дека му било понудено да намести меч. Подоцна излезе и Сергеј Стаховски, кој ме нарече „кодош“, и нему му беше понудено. АТП, Единицата за интегритет на тенисот и ИТФ, едно „боцкање“ по друго. Сите овие организации беа под нивото – рече Трунџелити.

Додека организациите како АТП и ИТФ не се обидуваа да им помогнат на играчите за да не се случат слични ситуации, организацијата ПТПА, основана од Новак Ѓоковиќ, упорно бара решенија.

– Се сретнав со Новак на „УС Опен“ и му се заблагодарив за тоа што го прави за играчите. Зборував и со Поспишил: тој отиде на неколку состаноци и ми кажа дека е повреден неколку месеци, дека почнал да размислува. Тоа што го прави еден дечко кој беше во топ 30 е многу попочитуван од тоа што го прави Федерер, кој го напушти тенисот и се врати само со Лејвер купот – се зборовите на Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот