Ѓоковиќ брои ситно до 400 недели на врвот на АТП листата

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да одбројува до 400-та недела на врвот на АТП листата.

На последната листа која излезе овој понеделник, Србинот и натаму е прв со 11,545 поени, речиси 3,000 повеќе од Карлос Алкараз кој има 8,715.

Така, Ѓоковиќ ја започна 394- недела на светскиот врв и сега е блиску до испишување нови страници од историјата.

Редоследно од третото до 10 позиција на АТП листата се Данил Медведев (7,490), Јаник Синер (4,910), Холгер Руне (4,640), Стефанос Циципас (4,615), Андреј Рубљов (4,550), Тејлор Фриц (3,865), Каспер Руд (3,605) и Александар Зверев (3,450).

Ѓоковиќ не настапи на турнирот во Тел Авив, па загуби 250 бода, откако лани го освои трофејот, а потоа ја пропушти Астана, па остана без 500 бода.

Алкараз има шанси да ја намали негативата во однос на Ѓоковиќ после Мастерсот во Шангај кој е во тек. Шпанецот имаше шанса да му се доближи на Ѓоковиќ во Пекинг, но беше поразен во полуфиналето од Јаник Синер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот