Аргентинец измисли штит против коронавирус и се прошета со него, погледнете како изгледа (ВИДЕО)

Фото: Twiitter/ScreenShot

Аргентинецот Пабло Богдан измисли транспарентен штит „Breathe Well Tube“ кој штити од ковид-19, а истовремено го подобрува секојдневното социјално искуство со враќање на видливоста на лицето. Пабло и неговата сопруга во вторникот ја демонстрираа цевката низ улиците на Буенос Аирес.

Оваа транспарентна цевка е изработена од ПЕТ- пластика и го покрива горниот дел од телото од под рамената до над главата, заштитувајќи ги очите, устата и носот од ковид-19, што е во спротивност со познатата маска за уста, што овозможува само заштита на носот и устата.

Пабло инспирација за дизајнот на цевката добил од неговото лично искуство од болеста во детството поради која влегувал во ранливата категорија на лица.

На тригодишна возраст во 1983 година ми дијагностицираа леукемија. Во оваа ера сè уште немаше лек и сето тоа беше обид и грешка. Благодарение на Бога, сè уште сум овде, по пет години имуносупресија. Така што добро ми е познато што значи да се нема соодветна одбрана за заштита од некоја болест“, објасни Пабло.

Според Пабло, цевката заштитува подобро од вообичаените маски за лице што се користат ширум светот.

„Цевката има добра вентилација, ги штити твоите очи, уста и нос за разлика од маската што ги штити само носот и устата“, изјави Пабло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот