Аргентина знае да победува и без Меси, Лаутаро го растури Мексико (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Аргентина покажа дека знае да победува и без својот најдобар фудбалер, Лионел Меси кој е суспендиран поради коментарите за време на Копа Америка. „Гаучосите“ со убедливи 4:0 го совладаа Мексико, а главната улога во триумфот му припадна на Лаутаро Мартинез кој постигна хет-трик. Мартинез хет-трикот го постигна само за 22 минути и стана првиот Аргентинец кој му дал три гола на еден натпревар на Мексико уште од 1930 година. Четвртиот гол беше дело на Леандро Паредес од пенал.
Бразил во реприза од финалето на Копа Америка, изненадувачки е поразен од Перу со 0:1. На средбата која се одигра во Лос Анџелес, Перу славеше со голот на Луис Абрам во 85. минута со што ја прекина серијата на Бразил од 17. натпревари без пораз. На „кариоките„ не им помогна ниту Нејмар кој влезе во игра во второто полувреме.