Апасиев најавува интерпелација за Џафери: Бара уште тројца јунаци за

фото Архива

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев бара уште тројца пратеници за да почнат постапка за интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет – за да почне постапката за интерпелација.
Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот, вели Апасиев.

Синоќа атмосферата во Собранието стана тензична откако спикеротЏафери побара да се заклучат вратите од собраниската сала, за службите да ги пребројат пратениците, што наиде на остри реакции од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

По ова, пратениците од опозицијата се собраа пред претседателот на Собранието. Тој бараше од нив да направат список на пријавени за збор по 15 точка – Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Опозицијата реагираше и зошто Собранието продолжува со работа толку доцна.

Состојбата се смири откако службите ги преброаја пратениците по што вратата на салата беше отклучена. Во салата беа присутни 38 пратеници.

ВИДЕО: Инцидент во Собранието, Џафери ја заклучи салата и ги исклучи микрофоните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот