Анкета на „Форса“: Пад на поддршката за партијата ЦДУ на Ангела Меркел

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER / POOL

Поддршката за конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел падна на најниско ниво за една година, покажува новата анкета на „Форса”. Германците се разочарани од владината акција за борба против коронавирусот и имунизацијата, оценуваат локални медиуми.

Соочени со федерални избори во септември без Меркел, која се повлече од политиката по четири мандати, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) загубија четири проценти поддршка за една недела и паднаа на 29 проценти, покажува анкетата на „Форса“, пренесува Блумберг.

Ова е најниско ниво од март во 2020 година, кога изби епидемијата во Германија. Анкетата беше објавена по двата пораза на ЦДУ на регионалните избори во неделата.

„Зелените“ се најголеми победници, за кои поддршката се зголеми за три отсто, достигнувајќи 21 процент доверба меѓу гласачите, додека рејтингот на другите партии не се промени. Социјалдемократите имаат поддршка од 16 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот