Ангеловски: Сакаме на ЕП 2020, само комплетни можеме да го победиме Косово!

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација триумфираше вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје против Израел (1:0) во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година.

Стрелец на трите бода беше Бобан Николов во финишот од првото полувреме, а овој триумф имаше двојно задоволство, бидејќи „услуга“ ни направи и Полска која дома со 3:2 славеше над Словенија и на тој начин го освоивме третото место, нашата најдобра позиција во историјата на едни квалификации.

Сега нашата селекција после овие квалификации ќе се насочи кон Лигата на нации каде што ни се потребни уште две победи за пласман на континенталниот собир наредната година.

Во полуфиналето од плеј-офот ќе играме дома против Косово на 26 март 2020, а во втората полуфинална битка од Лигата „Д“ ќе се соочат Грузија и Белорусија.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски:

– Во една вакна израмнета група успеавме да стигнеме до третото место. На сето тоа што се случуваше во квалификациите не можам да бидам крајно задоволен. Испуштивме бодови, како на пример победа на гости кај Израел, не смеевме да загубиме дома од Полска…Како и да е, задоволство е да се работи со вакви играчи, сепак ништо не сме направиле, најважното доаѓа, а тоа е конечно да играме на едно Европско првенство. Сакам до мечот со Косово да бидеме прво здрави, посебно да бидат подготвени оние првотимците, а дел од нив немавме во изминатиот период, нормално посакуваме да имаат сите минутажа во своите клубови. Само така имаме голема шанса имаме да триумфираме над Косово и да се пласираме во финалето. Со неколку нови играчи добивме на конкуренција, рано е да се каже до март, но нијанси ќе одлучуваат дотогаш кој ќе добие шанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот