Ангеловски не е во плановите на Лудогорец

Ангеловски нема да седне на клупата на бугарскиот тим/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Актуелниот шампион на Бугарија, Лудогорец ги отфрли шпекулациите дека поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски ќе биде новиот тренер на екипата.
Управата на Лудогорец за бугарските медиуми изјави дека им биле понудени услугите на Ангеловки, но екс селекторот на Македонија засега не им е интересна опција за клупата.

Ангеловски по настапот со македонската репрезентација на Европското првенство во јуни годинава, е без тренерки ангажман иако неговото име се споменуваше како решение за неколку екипи.

Освен Лугодорец, за Ангеловски сериозен интерес има и од полскиот шампион Легија Варшава.

Минатат недела со името на Ангеловски се поврзуваше и Хајдук Сплит кој сепак го ангажира токму поранешниот тренер на Лудогорец, Валдас Дамбраускас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот