Анџелина Џоли: Станувам пребирлива кога станува збор за љубовта

фото: архива Слободен печат

Анџелина Џоли која веќе подолг период е сама, сега призна дека во иднина ќе биде многу пребирлива кога станува збор за нова љубов, со оглед на тоа што досега неколку пати погрешила во изборот на партнери. Освен што немаше среќа во љубовниот живот, таа од 2016 година очајнички се бори и за старателството над децата со поранешниот сопруг Бред Пит.

За време на интервјуто за „E! News“, познатата актерка се пошегува дека толку долго е слободна што децата и помагаат во самохраното мајчинство.

Иако таа се пошегува околу целата ситуација, за нив таа има само пофални зборови.

„Имам шест многу способни деца. Нормално е да се пробудиш и да се чувствуваш како: Морам да бидам сигурна дека ментално се добри“, изјави таа за „E! News“.


„Но, искрено, мислам дека тоа од пред неколку години се промени и сега тие мислат: Морам да се погрижам мама да биде добро“, додаде таа, признавајќи дека ги замениле малку улогите.

„Толку добро се грижат за мене, а ние сме толку добар тим. Многу сум среќна… Секогаш јас сум таа која повеќе се грижи, но ги обожавам. Тие се кул луѓе“, се пофали таа.

Исто така, освен што проговори за своето мајчинство и одгледувањето на децата, таа го испромовира и својот најнов филм „Those Who Wish Me Dead“.


Оваа позната холивудска актерка има шест деца, Медокс, Захара и Пакс кои се посвоени, а Шајло и близнаците Кнокс и Вивиен таа ги доби со Бред Пит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот