Анчелоти крои шампионски Евертон: После Хамес, доаѓа и Иско!?

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Повеќегодишниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско е незадоволен од статусот во клубот и има намера да се пресели во Евертон, пренесува британскиот „Мирор“.

Изворот вели дека Иско не е во најдобри односи со тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, од кој не добива голема минутажа во екипата, што ја зацврстува одлуката најверојатно играчот да си оди во јануари 2021 година.

Договорот со Реал му истекува на лето 2022, а вредноста на неговиот трансфер се проценува на нешто повеќе од 20 милиони евра. Покрај Евертон, кој го води поранешниот тренер на Иско, Карло Анчелоти, за шпанскиот интернационалец интерес покажуваат уште Арсенал и Јувентус.

Претходно и Хамес Родригез беше незадоволен од слабата минутажа на „Сантјаго Бернабеу“ и после шест години го напушти клубот и направи трансфер во Евертон.

Кога сме веќе кај тимот од Ливерпул, моментно во Премиер лигата играчите на Анчелоти моментно после шест меча се на второто место на табелата со 13 бода, три помалку од водечкиот Ливерпул кој има меч повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот