АМСМ апелира до возачите да возат внимателно на делниците каде се можни одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од Авто-Мото сојузот на Македонија .
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2022 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.