Американските милијардери пандемијата ги направи побогати за 565 милијарди долари

Фото: МИА

Додека на многу луѓе во светот пандемијата на коронавирусот им донесе финансиски проблеми, милијардерите во САД станаа уште побогати.

Според извештајот на еден американски институт, вкупното богатство на милијардерите во САД од 18 март до сега е зголемено за 565 милијарди долари и сега изнесува 3,5 трилиони долари, а сопственикот на „Амазон”, Џеф Безос за нецели три месеци стана „потежок” за 36,2 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.

Речиси 43 милиони Американци за време на пандемијата аплицирале за добивање парични средства за невработеност, а припадниците на пониско платените професии, особено во секторите патувања и услуги, се особено погодени од тековната криза.

Овие бројки го истакнуваат длабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните, за кои Си-Ен-Ен вели дека ги поттикнуваат немирите низ САД, а експертите велат дека нееднаквоста во распределбата на богатството ќе стане уште поизразена како резултат на кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот