Американскиот сенатор Греам ги повика САД да му дозволат на Израел да го нападне Хамас во Рафа

Американскиот сенатор Линдзи Греам ja повика администрацијата на Бајден и американскиот Конгрес да му дозволат на Израел да работи на уништување на четирите баталјони на Хамас во неговото последно големо упориште, градот Рафа во јужна Газа.

Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, кој беше во посета на Израел, рече во Ерусалим дека за уништувањето на баталјоните во Рафа „не може да се преговара“.

Израел планира офанзива во Рафа, што предизвика меѓународна тревога бидејќи таму се засолнети стотици илјади Палестинци.

САД, главниот сојузник на Израел, изрази загриженост за плановите на Израел во Рафа, велејќи дека копнената операција таму ќе предизвика поголема штета на цивилите и ќе ја продлабочи хуманитарната криза во малата крајбрежна енклава.

Израел требаше да испрати делегација во Вашингтон за да разговара за ваквите планови, но ја откажа откако САД останаа воздржани на гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот и ослободување на заложниците држени во Газа, без поврзување на двете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот