Американскиот Сенат не го усвои предлог законот за абортус

абортус протести сад
Вашингтон, 3 мај 2022 / Bailey/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Американскиот Сенат не го усвои предлог законот со кој правото на абортус, заштитено со пресуда на Врховниот суд во случајот „Роу против Вејд”, ќе го претвори во федерален закон, пишува Би-Би-Си.

Републиканците го блокираа гласањето на законот со „филибастеринг”, односно право на неограничена дебата, што јасно ги покажа партиските поделби што постојат во врска со историската судска одлука и ограничувањата на законодавната гранка на власта.

Тоа беше обид да се зачува речиси 50-годишната судска одлука со која се прогласува уставното право на абортус, што сега е во сериозна опасност да биде поништено во Врховниот суд од страна на конзервативното мнозинство.

Пред гласањето, неколку десетици демократи од Претставничкиот дом, главно жени, маршираа од Претставничкиот дом до Сенатот, извикувајќи: „Моето тело, моја одлука”.

Тие потоа влегоа во салата на Сенатот и мирно седеа на местата за публика додека сенаторите дебатираа за правото на абортус.

Во септември минатата година, Претставничкиот дом гласаше со 218 „за” и 211 „за” за да се усвои нацрт-законот за правото на абортус речиси идентичен со законот за Сенатот.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да донесе закон со кој би се заштитиле услугите за абортус за милиони Американки. Меѓутоа, тесното мнозинство на неговата партија не беше доволно за да се надмине републиканскиот филибастеринг (правило кое бара мнозинство во Сенатот од 60 гласови за да се заврши дебатата за повеќето прашања и да се премине на гласање).

Републиканците со децении работат на именување конзервативни судии во Врховниот суд и поништување на пресудата на „Роу против Вејд”,потсетува Гласот на Америка.

Сите 50 републиканци гласаа за блокирање на гласањето за законот, а ним им се придружи и еден демократ, сенаторот Џо Менчин.

Конгресот со години се бори со политиките за абортус, но вчерашното гласање за нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом доби нова итност откако нацрт-мислењето на Врховниот суд покажа дека мнозинството судии сакаат да ја поништат пресудата „Роу против Вејд”, з акоја многумина милсат дека претставува закон сам по себе.

Врховниот суд својата конечна одлука ќе ја соопшти во текот на летото, а извесно е дека нејзиниот ефект ќе се почувствува низ целата земја и во предизборната кампања која ќе утврди која партија го контролира Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот