АМЕРИКАНСКИ ПРОФЕСОР ПРЕДУПРЕДУВА: Може да дојде до Трета светска војна, но не од Блискиот исток!
Американски професор во своја анализа за односите помеѓу Русија и САД, рече дека ако навистина дојде до Трета светска војна,таа нема да избие на Блискиот исток.
Според него, тој настан би можел да започне од Украина. Како што вели тој за американските медиуми, од почетокот на украинската криза во 2014 година почнала ерата на новата Ладна војна – замрзнат конфликт кој значитечно се разликува од „старата“ Ладна војна меѓу СССР и САД.
– Постои опасност од вооружен судир. Тој би можел да се случи во Европа, а не на Блискиот исток. И тоа не се однесува на загриженоста на САД дека Русија може да земе дел од територијата на Естонија -, изјави професорот Легволд.
Легволд смета дека ако дојде до ескалација, тоа ќе биде на границите на Украине, или ќе се случи нова криза, на пример во Белорусија, или во некој друг регион меѓу НАТО и Русија.