Американски експерт тврди дека коронавирусот нема да исчезне уште долго: Навистина гаден вирус

Еден од врвните американски експерт за јавно здравје вели дека вирусот ќе биде присутен уште долго, и покрај тврдењата на Трамп дека „ќе пројде и без вакцина“.

Доктор Том Инглесби за Фокс њуз оценил дека веројатно досега е заразен само мал процент на жителите, „така што повеќето и понатаму се подложни на вирусот“.

Инглесби е директор на Центарот за здравствена безбедност на Медицинскиот Факултет Џонс Хопкинс – Блумберг.

Тој рекол дека тоа е „навистина гаден вирус“, а дека сепак во САД не се тестираат доволен број на луѓе, ниту се бараат контактите на оние кои се позитивни на тестот.

Инглесби предупредил на опасноста од повторно отворање на претпријатијата и враќање на Американците на активности „како претходно“, што ќе донесе до зголемена „социјална интеракција, побрзо ширење на вирусот и поголем број на заразени“.

Реагирајќи на тврдењата на Трамп дека вирусот „едноставно ќе исчезне“, Инглесби рекол: „Не, оовј вирус нема да исчезне. Да се надеваме дека ќе научиме да живееме со него и дека ќе можеме да го намалиме ризикот од пренесување. Но тој вирус ќе остане како проблем во САД и низ целиот свет додека немаме вакцина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот