Американската полиција трага по гробар кој две години чувал тело на жена во своето возило

САД полиција/ Фото EPA-EFE/DAVID SWANSON

Полицијата во Денвер бара помош од јавноста за пронаоѓање на поранешниот сопственик на погребално претпријатие, кој 2 години чувал женско тело во мртовечка кола и ги чувал кремираните останки на најмалку 30 луѓе. Кога го објавија налогот за апсење минатиот петок, полицијата рече дека Мајлс Харфорд соработувал со истражителите.

Но, вчера таа ја промени својата приказна и понуди награда од 2.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење, бидејќи тој на крајот не им се предал на властите. Налогот содржи обвинувања за незаконско ракување со труп, фалсификување на потврда за смрт и кражба на пари платени за кремирање, пишува АП.

Властите го пронајдоа телото на жената и кремираните останки на 6 февруари за време на иселувањето на домот изнајмен од Харфорд, 33-годишниот сопственик на Аполо Фјунерал.

„Се чини дека Харфорд имал финансиски проблеми и во некои ситуации не можел да ги кремира клиентите. Понекогаш на членовите на семејството наместо на нивните најблиски им давал пепел од други луѓе“, изјави на 16 февруари началникот на полицијата Мет Кларк.

Во куќата имало голем број пластични кутии, од кои во дел имало пепел, а дел биле празни. Полицијата пронашла останки во возилото паркирано пред куќата и во погребната кола во која телото на жената било покриено со ќебиња. Кларк наведува дека жената во погребната кола починала во август 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот