Америка внимателно го очекува севернокорејскиот „божиќен подарок“

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

САД внимателно ја следат Северна Кореја и знаците за евентуално лансирање ракета или нуклеарна проба во следните денови, што Пјонгјанг претходно го најави како „божиќно изненадување”.

Какво било позначајно лансирање или тестирање во Северна Кореја би значело крај на самопрогласениот севернокорејски мораториум и ќе ги зголеми тензиите во регионот.

Исто така, би претставувало и голем удар врз една од главните надворешнополитички иницијативи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, односно на обидот Северна Кореја да се врати на преговорите за да го елиминира нејзиното нуклеарно оружје и ракети.

На почетокот на месецов севернокорејски официјални претставници предупредија на можен „божиќен подарок”, нагласувајќи дека на администрацијата на Трамп и истекува времето за спасување на нуклеарните преговори, а од Вашингтон зависи каков „божиќен подарок” сака да добие од Пјонгјанг.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер претходно оваа недела истакна дека Вашингтон ја има слушнато приказната за евентуално тестирање околу Божик, а на истото предупреди и специјалниот пратеник Стивен Биган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот