Америка сака да ја прогласи руската платеничка група „Вагнер“ за терористичка организација

Фото: Архива/Слободен печат

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува дали да ја прогласи руската платеничка воена организација „Вагнер“ како странска терористичка организација, изјави американски официјален претставник.

„Вагнер“ е организација на платеници кои беа обвинети за воени злосторства во Африка и Сирија, а сега е значително вклучена во борбите во Украина, каде првпат отворено се бори на страната на Русија.

– САД засега не донеле конечна одлука за нивното вклучување на списокот на терористички групи, прецизира официјалниот претставник.

САД веќе ја стави групата на својата „црна листа“, но администрацијата се обидува да направи дополнителен чекор.

Видео на денот