Америка ѝ испорачала на Украина опрема вредна три милијарди долари помалку од пресметките на Пентагон

Противвоздушен систем „патриот“ на полската армија - Фотографија ЕПА, Павел Супернак EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Пентагон ја преценил вредноста на американската опрема испорачана на Украина за околу три милијарди долари, изјавија денеска помошник во Сенатот и претставник на одбраната.

Американските медиуми посочуваат дека ваква грешка ја отвора вратата за испраќање повеќе оружје во Киев за одбрана од руските сили.

Поголема вредност е доделена на оружјето што беше одвоено од американските резерви и потоа испратено во Украина, изјавија денеска двајца високи претставници на одбраната.

„Најдовме недоследности во тоа како ја оценуваме опремата што ѝ ја дадовме“ на Украина, изјави за Ројтерс висок претставник на одбраната.

Официјалните лица и помошникот во Сенатот зборуваа под услов да останат анонимни. Конгресот ќе биде информиран за сметководственото прилагодување, велат изворите.

Официјален претставник на одбраната рече дека постои можност количината на прескапо оружје да се зголеми бидејќи Пентагон ја испитува ситуацијата потемелно.

Пентагон ги користел трошоците за замена за да ја процени помошта за оружје, наместо вредноста на оружјето кога било купено и амортизирано, изјавија високи претставници на одбраната.

Од август 2021 година, САД испратија оружје во Украина во вредност од околу 21,1 милијарди долари од своите резерви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот