Амбициозниот план на Мелони да ја води Европа уживајќи добри односи со Трамп

Џорџа Мелони / Фото EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Италијанскaта премиерка Џорџа Мелони планира да ја води Европа и да воспостави добри односи со поранешниот американски претседател и најверојатно републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува Политико.

Како што е наведено, Мелони се залагала ЕУ да обезбеди непоколеблива поддршка за Украина и дека влијаела, заедно со другите десничарски лидери, Унијата да ги откаже планираните ограничувања за употребата на пестициди и да го намали пакетот мерки за борба против климатските промени.

Мелони, исто така, се заложи за миграциската стратегија на ЕУ да се пренасочи кон плаќање на трети земји да ги задржат мигрантите надвор од границите на Унијата.

Исто така, се наведува дека таа продолжува да има моќно влијание врз највисоките претставници на ЕУ, како што е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Италијанската премиерка во недела ќе го посети Египет заедно со Фон дер Лајен, која ќе потпише договор за миграција, според кој ЕУ ќе му плати на Египет 7,4 милијарди евра за поддршка на владините финансии и спречување на миграцијата.

Поради несогласувањата меѓу Брисел и Унгарија околу помошта за Украина, се додава, Мелони помогна да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан да одобри пакет помош од 50 милијарди евра за Украина. Во јуни, Европејците гласаат на изборите за Европскиот парламент кои најверојатно ќе резултираат со проширен десничарски блок во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот