Амазон во Лондон го отвора првиот супермаркет надвор од САД

epa08632977 An Amazon Fresh employee enters the supermarket in Woodland Hills, California, USA, 28 August 2020. On 26 August, Amazon Fresh opened its first store in the USA. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Амазон, денеска во Лондон го отвори својот прв супермаркет надвор од САД, како прв чекор во својот план за глобално ширење со физички продавници. 

Според компанијата, синџирот подавници во Велика Брианија се нарекува „Амазон фреш” и ќе користи автоматски каси за наплата без касиери и без чекање на ред. 

Отварањето на продавници надвор од САД укажува на намерата на гигантот да продава храна глобално, и се води од уверувањето дека физичките продавници се клучни за зголемен профит поради зголемената продажба на прехранбени намирници, категорија во која Амазон сè уште не е доминантен играч. 

Во САД, компанијата влезе во овој сегмент од пазарот со купување на синџирот супермаркети „Хоул фудс” во 2017 година, потоа отвори дваесеттина продавници „Амазон гоу”, со автоматски каси без касиери, две со огромна површина во Сиетл,  и уште десет „Амазон фреш” супемаркети во Калифирнија и Илиноис.  

„Амазон гоу” и „Амазон фреш” работат на тој начин што купувачите треба да скенираат апликација на своите мобилни телефони за да поминат преку портата на продавницата. Камери на таваниците и сензори за тежина одредуваат што купувачите ставаат во своите кошнички или враќаат назад на полиците. Кога купувачот ја напушта продавницата со намирниците, тие се наплаќаат автоматски со кредитна картичка ставена во апликацијата.   

Има локации кои се помали од супемаркети, а каде се продава зготвена храна, помалку намирници и електронски уреди на Амазаон. Тие локации нудат и тезги за подигање и враќање онлајн нарачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот