Алвес за првпат се огласи од затворот: Не знам дали таа девојка спие мирно, сакам да знаете што се случи

Фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Дани Алвес за првпат даде интервју од затворот во Шпанија каде што се наоѓа од пред крајот на годината поради обвинувања за секусален напад во ноќен клуб во Барселона.

Пресудата поранешниот бразилски репрезентативец ја чека од затвор, а досега имаше неколку рочишта. Во јавноста за првпат зборуваше во емисијата „Ана Роса“ на шпанска телевизија.

„Не знам дали таа девојка има чиста совест и дали спие мирно, но и простувам“, го започна своето обраќање Алвес кој поради обвинувањата од 23-годишната девојка е во притвор од 23. декември 2023 година.

„Апелирам до девојката, немаше ниту една ноќ да не спијам мирно, ниту една. Совеста ми е чиста. Никогаш никого на ништо не сум присилил, па така беше и таа вечер. Одлучив да го дадам ова интервју за луѓето да знаат што мислам. Сакам да ја знааете приказната што се случи тоа утро во тој тоалет. Во јавноста излезе приказна која е ужасна и не е точна, нема никаква врска со вистината“.

„Влегов зад неа…Врата не беше заклучена, цело време беше отворена и можеше да излезе во било кој момент доколку тоа го сакаше, практично седев на капакот од ВЦ школаката“, објаснува Алвес.

Испрати и извинување до неговата сопруга.

„Единствената личност на која морам да и се извинам и тоа го заслужува е мојата сопруга, Јоана Санц, се уште сме во брак и се надевам дека така ќе остане. Кога дојде кај мене во затвор и побарав прошка лично, а сега тоа го правам јавно затоа што јавна стана целата ситуација. Таа го заслужува моето извинување за тоа што го направив, минува низ тежок период и благодарен сум за се што направи за мене“, изјави Алвес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот