Алушовски: Верувам дека Вардар идната година ќе игра во Лигата на шампионите

EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAÚJO

Вардар денеска го доживеа шестиот пораз во Лигата на шампионите, загуби од Порто со 22:30. Тренерот на „вардарци“, Стевче Алушовски е реален и ги призна поразот од Порто, кој беше подобар тим денеска.

– Имаме проблеми, неколку играчи го напуштија клубот. Се надевам на се најдобро за Вардар, тоа е бренд во нашата земја. Јас сум убеден дека и следната сезона, можеби не на ова ниво, но ќе игра повторно во ЛШ. Не е моја работа, но секојдневно со играчите се соочуваме со оваа ситуација. Наше е да тренираме, а имаме пет пивоти, четири крила и тројца голмани за направиме квалитетен тренинг. Но се надеваме на подобри денови за нашиот клуб – Вели Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот