Алушовски: Момците се родени победници

фото: СЕХА Лига/ Uros Hocevar / kolektiff

Вардар во недела ќе ја брани титулата во СЕХА лигата против Веспрем, откако во второто полуфинале на фајналфор турнирот во Задар по подобро изведување на седмерци го победи ППД Загреб.

Вардарци во текот на средбата имаа негатива од шест гола, но успеаја да најдат сили да се вратат и на крајот да слават, по што тренерот Стевче Алушовски на прес конференцијата по натпреварот порача дека неговите ракометари се родени победници.

– Добро ја отворивме средбата додека имавме свежина во нападот, додека Дисингер беше во полна сила, но наместо да одиме на поголема разлика, ние грешевме и екипата се блокираше. Загреб навистина беше подобар противник во 57 минути. Меѓутоа овие момци се родени победници. Во последните 10 минути конечно одигравме подобро во одбраната, Борко Ристовски фати неколку топки кои беа клучни. Знам дека е тешко да се загуби ваков натпревар, но на ракометарите на Загреб можам да им честитам на храбриот пристап и на одличната игра – изјави Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот